Работилница во Кочни – Зимска работа во пчеларникот и брз пролетен развој

Климатските промени негативно влијаат врз сите сектори во земјоделство, но во последните години големи проблеми направија врз производството на мед. Најголем дел од пчеларите во државата не извадија ниту еден грам мед од своите кошници. Со цел да се излезе во пресрет на пчеларите, Федерацијата на фармери во рамките на активностите на проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“ подржан од We Effectзаедно задно со здружението, членка на организацијта Златна Кошница од Кочани реализираше предавање на тема – Зимска работа во пчеларникот и брз пролетен развој;.

Ванчо Кировски член на УО на НФФ истакна дека со новите промени на климата едно од решенијата за добивање на мед е и селењето на пчелните семејства. Според него има потреба од поедноставување на административните процедури за селидбата на пчелните семејства. Ванчо предложи да се направат напори кај институциите секој пчелар во иднина да има само по еден РБО број без разлика на колку локации има пчелни семејства се со цел поедноствно селење на пчелните семејства.

Предавачот Раде Каранфиловски низ практични примери од своето повеќе децениско пчеларско искуство ги опиша сите неопходни активности во пчеларникот до почетокот на новата паша. Тој посочи дека владините и невладините институции треба заедно да работат за унапредувањето на пчеларството, зата што тоа е важна алка во земјоделското производство каде што две третини од плодовите во овоштарството и поледелството директно зависат од опрашувањето на пчелите и дека потребни се и странски искуства од соседните земји кои исто така се погодени од влијанијата во климатските промени.

Јаки и здрави семејства кои имаат доволни залихи со мед се предуслов за успешно пчеларење. Еден од советите кој Раде им ги даде на кочанските пчелари беше и ставање на зимска хигиенска поилка на пчеларникот во која се додава одреден процент на јаболков оцет кој спречува мрзнење на водата затоа што водата е од витално заначење за пчелите особено по појвата на првото јануарско легло на пчелите.