Справување со топлинскиот стрес

Пишува: Соња Николова

Високите температурите во лето како и компликуваната метаболичка динамика кај преживачите, придонесуваат за голем топлински стрес кај кравите. Освен што имаат негативни последици во производството и репродукцијата, се појавуваат и здравствени проблеми често со долготрајни последици заради намалување на имунитетот.

Карактеристики и симптоми на топлинскиот стрес се:

– зголемена телесна температура;
– намалена потрошувачка на сува материја – со намалениот апетит од 8-12% (1,8-2,7 kg сува материја) се намалува производството на млеко за 3,6-5,4 литри млеко (во добри одгледувалишта и до 25%);
– смалено производство на млеко (квантитативно и квалитативно – белковини, млечна маст и лактоза);
– намалена плодност и до 50%;
– намалена имунолошка способност (почеста појава на маститиси).

Способноста за губење на топлина кај молзните крави е мала бидејќи имаат мал број на потни жлезди (90% помалку во однос со човечкиот организам), па затоа фармерите треба да ги подобрат условите со кои штетните влијанија ќе се сведат на минимум.
Според поднебјето и временските услови, треба да се осигураат адекватни објекти и да се овозможат оптимални зоохигиенски услови. Објектите треба да бидат прозрачни и удобни, со испусти кои ќе имаат и дел под ладовина, со доволен број на поилки. Исто така потребно е и секојдневно четкање на кравите како и да се заштитат од муви. При тоа треба да се води сметка за:

1. Потребите за вода – за време на летните горештини повеќекратно се зголемуваат. Водата мора да биде чиста и свежа и да има доволен број на поилки во објектот.ventilacija kravi

2. Вентилацијата и разладувањето во објектите – вентилацијата е еден од предусловите за да се смали процентот на влага во воздухот. Брзината на струење на воздухот е 10km/час. Најдобар начин на разладување на кравите е комбинација на вода и воздух.

3. Исхраната – оброците да се направат според производните особини на кравите (треба да бидат волуминозни лесносварливи збогатени со минерали и витамини).