2 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Заштита на Виновата Лоза

Пишува: инж.агр. Благојче Димитриев

Главни болести кои ја напаѓаат виновата лоза се пламеницата, пепелницата и сивото гниење.

Пламеницата е опасна болест распространета во различни реони на целиот свет, но најмногу во пределите со влажна клима. Паразитот главно ги напаѓа сите зелени делови. Лисјата се најосетливи во фазата на својот интензивен развој и пораст. Симптомите на лисјата се различни, во зависност од тоа дали се последици на примарни или на секундарни зарази. Првите симптоми од пламеницата се крупни тркалезни светлозелени дамки по периферијата кои не се јасно ограничени од здравото ткиво, туку се разлиени. Во услови на суво време, ткивото во дамките некротира и тие стануваат кафеавоцрвеникави, кожести и суви, без појава на конидиофори со конидии. Секундарните зарази се ситни дамки кои брзо некротираат и често пати пукаат. Ако дојде до голем број инфекции, лисјата прегоруваат и паѓаат. Цветовите и плодовите, исто така, можат да бидат нападнати од пламеница, а на влажно време се прекриени со белузлава навлака од конидии со конидиофори.

За сузбивање на пламеницата на винова лоза се користат системски и контактни фунгициди. Широката палета на „Хемомак пестициди” нуди идеални решенија: Enervin во доза од 2,5 кг/ха Orvego во доза од 1 л/ха Forum Star 1,6-2 кг/ха Acrobat MZ WG во количество од 2,5 кг/ха Forum Gold (dimethomorph 150 г/кг + dithianon 350 г/кг) во концентрација од 0,12-0,15% Profiluks (cimoksanil 45 г/ха + mankoceb 630 кг/ха) во доза од 2,5 кг/ха Solofol (folpet 800 г/ха) во доза од 1-1,25 zastita_vinova_loza2кг/ха Dithane M45 во доза од 2,5 кг/ха Funguran OH 3 кг/ха.

Пепелницата ги напаѓа сите зелени делови: лисјата, ластарите, цветовите и гроздовите. Степенот на оштетување главно зависи од органот кој е заразен и од времето на заразување. Симптомите прво се јавуваат на листовите на коишто се забележуваат поединечни зарази од белузлав мицелиум кој брзо се развива и ги зафаќа целите лиски. Зелените ластари се осетливи (уште од своето потерување) доколку се развиваат од заразени пупки. Заразените ластари се послабо развиени, со кратки интернодии, ситни листови и целите се прекриени со бел мицелиум со конидиофори и конидии од габата т.н. бели ластари. Најголемите зарази од пепелница се манифестираат на зрната. Тие подлегнуваат на зараза уште од самото заврзување па сè до почетокот на зреењето. Најголемите штети од пепелница доаѓаат во фазата на интензивен пораст на зрната при големина на зрно грашок пред затворање на гроздот. Поради развојот на паразитот врз кожичката на зрното, а брзиот пораст на зрната, епидермисот не може да го издржи притисокот и лушпата пука.

За сузбивање на пепелницата се употребуваат неколку фунгициди и тоа Vivando во доза од 0,2 л/ха Collis во доза од 0,4-0,5 л/ха Postalon во количество од 1 л/ха контактниот сулфурен препарат Kumulus во доза од 3 кг/ха.

zastita_vinova_loza3Третата болест што ја напаѓа виновата лоза е сивото гниење Botrytis cinerea. Габата го напаѓа главно грозјето при влажно време и притоа тоа е покриено со пепелкастосив мицелиум и има присуство на голем број конидиофори со конидии. Габата за неколку дена ги зафаќа целите гроздови и тие брзо гнијат. За заштита од сивото гниење се користат двата ботритициди на BASF Германија, SIGNUM во доза од 1 кг/ха и CANTUS во доза од 1 кг/ха.

За сузбивање на гроздовите молци се користат неколку инсектициди како што се: Nurelle D во доза од 11 l/ha, Perfekthion во количина од 1-1.5 l/ha, Fastac во доза од 0.25 l/ha, Nomolt во доза од од 1 l/ha.

За сузбивање на штетните пајачиња препорачан aкарицид е Masai во доза од 0.3-0.5 кг/ха.

Сите препарати се дозволени на зелената листа на Европската Унија.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

21,740FansLike
0FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -

Latest Articles