Пишува: дипломиран агроном Зоран Голубовски – Хромос Пестициди

Кога ќе се спомене поимот болести на виновата лоза, секогаш првите асоцијации се на пламеница, пепелница и сиво гниење, а многу ретко или речиси никогаш и не помислуваме на црната дамкавост или т.н. „мртва рака”.

Доколку не се посвети внимание на сузбивањето на оваа болест, таа може да зафати голем број од растенијата во насадот и да причини големи штети. Колку повеќе болеста напредува и се шири во растението, доаѓа до изумирање (сушење) на ластарите, потоа и цели кракови, а конечно изумира и целото растение (оттаму доаѓа и народното име „мртва рака”).

Црната дамкавост на виновата лоза (Phompsis viticolla) го започнува развојот рано напролет и ги зафаќа сите вегетативни делови од растението (лист, ластари, плод) и со право се вбројува како една од најзначајните болести на оваа култура.

Габата презимува на самите растенија, обично под кората на заразените ластари (добиваат белузлава боја – навлегува воздух под кората), а на тие места во текот на пролетта се појавуваат црни точки кои со врвот излегуваатmrtva_raka2 над површината (пикнидии).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со почетокот на вегетацијата на виновата лоза се шири и заразата од болеста. Како последица од заразите во претходната година често пати се случува зимските пупки воопшто да не се развијат.

Прво се забележуваат кафеаво-црни дамки кои постепено добиваат издолжена форма, а подоцна во средината пукаат – се отвораат рани. Болеста не го зафаќа целото растение (во висина), туку вообичаено напредува до четвртата или петтата интернодија (многу ретко се јавуваат симптоми и до седмата интернодија). Таквиот развој на болеста значи дека многу лесно може да се пренесе и во зоната на гроздовите, да ги зарази и нив и директно да го загрози квалитетот и квантитетот на приносот. На младите гроздови првите симптоми се јавуваат на рачката, а подоцна се шират на целиот грозд кој конечно се суши.

На листовите првите симптоми се во форма на жолто- кафени дамки кои постепено некротираат и доведуваат до предвремено пропаѓање на лисната маса.