Пишува: Професор Драгољуб Жуниќ, “Полјопривредни лист”

Во поголемите лозови насади се извршува есенска и зимска резидба за таа да заврши до почетокот на развивање на окцата. Во помалите лозја, со резидба се почнува кон средината на февруари и тоа, вообичаено, на 14-ти февруари или на празникот “Свети Трифун”, како заштитник на лозјата
Завршувањето на бербата во лозје не значи и намалување на работите во лозарството. Напротив, во периодот од ноември до февруари, се спроведуваат низа задачи за да се заштити чокотот од ниските температури, се врши есенско длабоко обработување на земјиштето, ѓубрење, испитување на потенцијалната родност и резидба.

Заштита на чокотот од ниски температури

Претходно, мора да се направи заштита на чокотот во младите лозја од ниски зимски температури. Доколку е поладно од минус 15 степени целзиусови, тогаш чокотите, целосно или делумно, се загрлуваат. Најпрво, визуелно, се одредува подготвеноста на лозата за зимски одмор. Имено, ластарите кои имаат умерена бујност и по својата должина добро созреале, се подготвени за одмор. Осетливоста на ниските температури е врзана за водата и органските материи, а пред се, скробот и шеќерот. Поголемо количество органски материи, а пред се шеќер во ткивата и органите, значи и поголема отпорност на ниски температури. Зависно од интензитетот и должината на траење, ниските температури може да ги повредат органите на лозата. На температура под петнаесет степени може да дојде до делимично или целосно измрзнување на окцата на поединечните сорти. Окцата кај најотпорните сорти издржуваат и до -25 степени. Ако температурата е под 30 степени, тогаш доаѓа до измрзнување на сите органи на лозата над земја. Коренот на виновата лоза измрзнува на -4 до -5 степени целзиусови, но бидејќи тој е длабоко во земјата, најчесто е заштеден од измрзнување. Многу сорти имаат мала отпорност кон измрзнување на крајот на зимата, подобра отпорност на почетокот, а најотпорни се кон средината на оваа временска доба.

Превентивни мерки

Сите мерки кои се преземаат за заштита се делат на превентивни и терапевтски мерки. Превентивните се насочени кон правилен избор на сортите и на положбата на земјиштето за подигнување на лозјето, како и на негово загрлување. При изборот на сортата, основно е да се садат сорти се отпорни или многу отпорни на ниски температури. За да се ибегнат штетните последици кои настануваат под влијание на конфигурацијата на теренот, лозјето треба да се основа на благо нагибнат терен, каде ретко се појавуваат температурни екцеси и не постои депресија. Ако лозјето се подигнува на неправилен терен, задолжително пред подигнувањето, мора да се востанови т.н. “мразна линија”, која треба да покаже на кое подрачје треба да се сади лозјето.

Загрлувањето на приземните делови на чокотот е задолжително, без оглед на потенцијалната можност за измрзнување. Кај ниските облици на чокот, загрлувањето треба да се направи така што ќе се покријат најмалку 3 до 5 окца на ластарите. Ако на овие чокоти се спроведува мешовита резидба, се загрлуваат оние ластари кои, напролет, се користат за резидба на луковиците. Кај чокотот со средно високи или високи стебла, се загрлува призмениот дел со кондири за замена во случај на изрмнување. Загрлувањето може да се спроведе машински, со помош на плугови, а потоа да се направи рачна исправка. Со загрлувањето се почнува по завршување на бербата се до јаките мразеви. Отстранувањето на земјиштето се прави напролет, кога земјата ќе се исцеди, ќе легне и ќе се исуши.

Терапевтски мерки

Се применуваат откако ќе поминат опасностите од ниски температури. Се состои од резидба, интензивна заштита и ѓубрење, што ќе придонесе до ревитализација на вегетативниот и родниот потенцијал.

Есенско ѓубрење

Се извршува во засадите кои се наоѓаат во фаза на редовна експлоатација. Од минералните материи, за своја исхрана, виновата лоза најмноги користи азот, фосфор, калиум, калциум, магнезиум, железо и сумпур, а во помали количини и другите елементи. За хектар лозје, годишно и во зависност од типот и состојбата на земјиштето, потребни се: 37-80 килограми чист азот, 11-100 килограми чист фосфор, 40 до 250 килограми чист калиум. Затоа, потрошувачката на минерални ѓубрива, на различни подрачја, е многу различна. За да се утврди вистинската потреба за хранливи елементи, неопходно е, повремено, да се изврши анализа на земјата.

Како ориентациони количини минерални ѓубрива кои се внесуваат на хектар лозје, на годишно ниво, се:
КАН 150 – 300 кг/ха, суперфосфат 300-800 кг/ха, калиум фосфат 150 – 400 кг/ха, калциум карбонат 8-10 т/ха и микроелементи 3-5 кг/ха. Добар дел од минералните материи кои се внесуваат на хектар може да се заменат со внесување на 10 тони на хектар добро прегорено ѓубре на 3 до 4 години. Ѓубривото постепено се користи од растението, така што, во првата година искористува околу 31%, во другата година 32%, а во третата и четвртата година по 37%. Шталското ѓубре може да се замени со иста количина тресет, компост, ѓубре од црви и друго. Ова ѓубре, исто