Национална Федерација на Фармери ќе работи со визија за профитабилно земјоделство кое ќе овозможи стабилни села во земјата. Со мисија за обединување на земјоделците како движечки фактор на развојот  во земјоделството, организацијата под името ФФРМ веќе постои 15 години со голем број на членство (локални здруженија, земјоделски задруги, групи на производители, индивидуални земјоделци, мали земјоделски претпријатија). 

Организацијата имплементира околу 80 активности годишно кои влијаат на: подобрување на опкружувањето за работа на земјоделците (земјоделски стратегии, земјоделска политика, мерки за поддршка во земјоделството итн.), зголемување на конкуретноста преку нови производни технологии, маркетинг и менаџмент за земјоделски задруги и мали производители, поддршка на најзагрозените категории земјоделци преку модел “фокус групи”, информирање и едукација преку единственото македонско списание специјализирано за земјоделство “Моја Земја”, организирање на студиски посети, саемски манифестации, средби со меѓу производители и преработувачи, online публикување на регионално земјоделско списание на албански јазик “Toka Ime”, поддршка на претприемништво кај млади и жени фармери.

Своите активности ги реализира благодарение на поддршката на Владата на кралството Шведска, ЕУ, УНДП, Светски рурален Форум, во партнерство со мноштво слични организации и институции од земјата и од светот.

Стратегијата е креирана на транспарентен и демократски начин и е направена согласно надворешната евалузација спроведена на We Effect, средби со членство, анкетно испражување со членството, октагон спроведен со членството, состаноци со потсекторските групи, состаноци со Управен одбор, Состанок со преставниците на Генералното собрание на НФФ, состаноци со вработените во НФФ и спроведената евалузација врз нив од страна на извршниот директор, разговири и средби со соработници и партнери  на Националната федерација на фармериСтратегијата ги опфаќа сите сегменти на еден структурен, јасен и прецизен документ кој опфаќа идентитетот, искуството, мисијата, визијата, анализата, целите, активностите и очекувањата следниот петгодишен период. Како таква се надеваме дека ќе биде одличен почетен документ кој секако ќе го ревидираме и на кој ќе се навраќаме постојано, со цел да не го заборавиме смислата на постоење и општата цел на оваа организација. Се надеваме дека во нареднииот пет годишен период ќе успеееме да го зголемиме профитот во земјоделството и да го стабилизираме македонското село, преку обединување и унапредување на земјоделците во Република Македонија.