Мрежа на Жени Фармери


Мрежата на жени – фармери (МЖФ) има за цел економско јакнење на руралната жена, јакнење на лидерските вештини на жените – фармери пред се и помагање во реализацијата на нејзините права за сопственост и на земјоделското земјиште, остварување на правото на пензија, едукативни теренски обуки, студиски посети, работа со фокус групи со ранливи групи од руралните средини. Ова се конкретните работи на кои што Мрежата на жени фармери ги става како свој приоритет.

Национален Кординатор на Мрежата на Жени – Фармери: Фросина Георгиевска, (јаболкопроизводител и активен член во здружението „Благој Котларовски“ од Ресен, членка на Федерацијата)

 

МИСИЈА:

Информирани, едуцирани, активни и моќни жени со претприемачки дух, вклучени во сите управувачки структури во земјоделски организации, НФФ и институции на системот.

ВИЗИЈА :

Моќна и обединета жена – фармер, двигател во земјоделското здружување за јакнење на вештините на жените фармери и реализацијата на нејзините права.

Регионални координаторки :

  • Сузана Димитриевска  Штипскиот регион,
  • Ирена Гаревска  Скопскиот регион
  • Снежана Танева  Гевгелискиот регион,
  • Фросина Ѓоргиевска Преспанско – Пелагонискиот регион,
  • Тања Колева  Неготинскиот регион
  • Ружа Стојмилова за Кочанскиот регион.

Мрежата на жени – фармери спроведува обуки и работилници каде што жените стекнуваат соодветно знаење и едукација за определени области во земјоделството и заштита на своите права и интереси.

Голем дел од жените – фармери членови во Мрежата на жени – фармери учествуваат на конференции за претприемништво, Национални политики за зајакнување на руралните жени, Конференции за претприемништво.

Преку Мрежата на жени фармери голем дел од жените – земјоделци учествувале на студиски престои во Косово, Боснаи херцеговина, Грузија,  Шведска, Италија, Австрија, Израел,Америка,Белгија,Франција,Романија и соседните наши држави каде што разменувале искуства и согледувале на кој начин жените – фармери живеат и функционираат во развиените држави. Голем дел од жени фармери од Албанија, Косово, Шведска, Романија, Франција биле во Република Македонија и имале можност и тие да научат од нашите жени – фармери и повторно да се разменат искуства и знаење.

ЦЕЛИ НА МЖФ :

– Економско јакнење на жената фармер
– Подигнување на свеста кај жената фармер за поголема вклученост креирањето на земјоделската политика
– Регионално ширење на МЖФ и промовирање
– Поттик и поддршка на жени – претприемачи

АКТИВНОСТИ :

-Мрежата на жени фармери одржува годишни состаноци каде што се подготвува програма за понатамошно дејствување и спроведување на активности за јакнење на жената – фармер и нејзино поголемо инволвирање и здружување за креирање на земјоделската политика.

Секоја година се организира Меѓународниот ден на руралната – жена 15 октомври се прославува во 80 држави, и се пренесува пораката дефинирана од Фондација на светски самит на жени. Целта на прославата е да се потенцира значењето на жената – фармер и да се поттикне нејзино активно дејствување во креирањето на земјоделската политика и земјоделското здружување.

Мрежата на жени – фармери ја организира и манифестацијата „Јуфкијада“, каде што се подготвува јуфки и тарана. Со овој настан се потенцира улогата на жената фармер во зачувување на традиционалната храна и нејзините претприемачки вештини за развој на мали и средни бизниси во насока на зачувување на нашите традиционални јадења.