Членство

Како Да станам Член на НФФ

 


Дефиниција на Член

Здружението има Придружни и Редовни Членови.

Придружен Член е секој член што платил членарина и што пројавува интерес за земјоделството и рурален развој.

Редовен Член е секој член што задоволува одредени критериуми кои ги утврдува организацијата јавно и транспарентно објавени.

Редовните членови имаат право да избираат членови на органите на Здружението, да бидат избирани како членови на органите на Здружението и да учествуваат во Генералното собрание. Здружението има Два типа на Редовни и Придружни членови:
Групни членови се земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги или трговски друштва и земјоделски стопанства во земјоделскиот сектор
Индивидуален член би можел да биде секој жител на РМ инволвиран во земјоделството.

Должности, обврски и придобивки од членството

Членовите ги имаат следните Должности и Обврски:

  • Да покажуваат солидарност кон другите членови;
  • Да се придружуваат на и да го почитуваат Статутот на Здружението;
  • Да работат активно на постигнување на мисијата, општите и специфичните цели на Здружението;
  • Да плаќаат чланарина;

Членовите ги имаат следните Придобивки од Членството во НФФ:

  • Редовните членови имаат право да избираат раководни органи;
  • Редовните членови имаат право да бидат избрани во раководните органи;
  • Редовните членови имаат право на глас и одлучување во име на Здружението;
  • Редовните и Придружните членови имаат право за учество во една од двете посебно развиени социјални мрежи (Мрежа на Жени Фармери и Мрежа на Млади Фармери);
  • Редовните и Придружните членови имаат право на користење на услугите за членови кои повремено ги развива и нуди Здружението;
  • Редовните и Придружните членови имаат право на учество на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, изложби и видео презентации кои ги нуди Здружението;
  • Редовните и Придружните членови имаат право на користење на резултатите од истражувањата и другите резултати на стручните тимови на Здружението во областите за технички, финансиски, правни и маркетинг услуги;
  • Редовните и Придружните членови имаат право за други придобивки кои повремено ги одредува Генералното собрание;

Секој заинтересиран субјект кој ги исполнува условите од Член 8 од Статутот, со пополнување и доставување на пристапница и плаќање на чланарина до Здружението (Пример Сл. Пополнета Уплатница) , станува Придружен Член. Одлука за приемот на редовни членови со мнозинство гласови носи Управниот одбор на Здружението на писмен предлог на Извршниот директор на Здружението согласно дефинираните критериуми.


Пристапница за Индивидуален Член PDF pristapnica_НФФ 2017__индивидуални(1)

Пристапница за Групен Член PDF pristapnica НФФ 2017_групен(1)

Преземи Пристапница за Индивидуален Член WORD ТУКА

Преземи Пристапница за Групен Член WORD ТУКА