Трендови во лозарството

Трендови во лозарството

Годишно обраќање на Васка Мојсовска
Договори со сите Тутунари за Реколта 2014
Обука за санација на почвите од поплави во Новаци

Климата предизвик за лозарството,и понатаму проблем откупот

 

„Трендови во лозарството“ е насловот на трибината која што вчера се одржа во Неготино во организација на Националната федерација на фармерите, АПРЗ и Институт за земјоделство во рамки на манифестацијата за Свети Трифун , која секоја година се организирана од општина Неготино. На трибината беа презентирани негативните ефекти кој овој сектор ги трпи од климатските промени како и заштитни мерки кои ќе можат да се преземат од страна на земјоделците. Во самата презентација на проф. д-р Климе Белeски беше исткнато  дека влијанието на климатските промени во лозарството е врз фенологија, квантитет (принос) и квалитет на грозје и вино.

„ Климатските промени придонесуваат до порано започнување на вегетацијата (фенофаза отворање на окцата и ластарење), порано започнување на бербата и скратување на вегетацискиот период, компресија на датумите за берба меѓу различните сорти. Климатските промени негативни ефекти придизвикуваат на метаболизмот на виновата лоза, намалена фотосинтетска активност, влијание на ароматичните и боените материи (намалување на содржина на антоцијани),содржина на шеќер и вкупни киселини, модификација на веќе етаблираните стилови на вино, штети – изгореници на лист и грозд, оштетување на ткивото, некротични темни дамки, дехидрирање и намалување на тургорот“, потенцира професорот  Белески. Тој им укажа на земјоделците дека мора да применуваат мерки за адаптација на лозарството на новите временски услови и тоа употреба на заштитни УВ мрежи, употреба на Т-систем на кроење и употреба на калциум карбонат.

Васка Мојсовска, претседател на НФФ лозарите ги информира за промените во рамките на организацијата и дека д ФФРМ е ребрендирана во Национална федерација на фармери со посебен акцент ставен на развојот на земјоделството, руралните места и развој на младите и жените кои живеат во селата.

„Секторот лозарство е еден од шесте  секторите за кои НФФ има свои потсекторски групи и преку анализи и заедничко работење на членовите – лозари на НФФ градиме ставови. Така е и за овоштарството, градинарството, пчеларството,сточарството и поледелството. Конкретно за лозарството сметаме дека треба да се реши проблемот со откупот, односно треба да се почитуваат Законските одредби за откуп и исплатата да биде навремена, потребно е  зголемување на цената на откупеното грозјето и воедно е потребно развој и јакнење на економско обединивање на земјоделците преку кооперативи. Според нас треба да се направи измена на Законот за вино, каде што ќе се овозможи и малите земјоделци да произведуваат и продаваат вино, и да се направи и државен дестилатор како една од долгорочните мреки за развој на лозарството кај нас. Што се однесува до штетите од пролетните мразеви за 2017 кои направија големи проблеми и во лозарството и овоштарството, неколку пати како НФФ испраќавме апели до Минситерството за земјоделство за да се реализираат исплатите и од оваа институција добиваме ветување дека тоа ќе биде реализирано во скоро време“, истакна Мојсовска, претседател на НФФ. Таа уште еднаш потенцира дека земјоделците треба да ги применуваат мерките кои ги презентира професорот Белески, доколку сакаат да го зачуваат производството и квалитетот на грозјето.

На средбата присуствуваше и Сашо Минов, началник на подрачната единица на МЗШВ во Неготино кој ги информира земјоделците за Програмите за директни плаќања и рурален развој и  потенцира дека ќе има исплата за лозарите за штетите претрпени од пролетните мразеви во 2017 година, а доцнењето е поради административните процедури и обработката на податоците.

Ѓоко Данаилов од АПРЗ потенцира дека едукацијата е предуслов за развој на земјоделство, во конкретниот случај лозарството и зато е реализирана и оваа трибина со посебен акцент на климата и лозарството, така што ги информира лозарите дека на 13 февруари исто така ќе има практична презентација на кроење на лозје со електрична ножица.

На самата средба лозарите се пожалија на ниските откупни цени кои повеќе од 2 децении се непромените, манипулациите со исплатите и неисплатите од винарските визби истакнувајќи го проблемот со винасрката визба Повардарие.

Токму како заклучоци од средбата беа донесени следните кои НФФ се заложи дека ќе ги достави како препораки и барања до надлежните институции

 

  • Измени на Законот за вино кои ќе овозможи поделба на лозарството на неколку вински региони вo Македонија, како и овозможување на лозарите и тие да можат да произведуваат и продаваат вино.
  • Како долгорочна мерка градење на државен дестилара  и укинување на зелената резидба од Петгодишната програма за развој на земјоделството и руралне развој од 2018 – 2022
  • Примена на адаптивни мерки за прилагодување на лозарството на новата клима и едукација за оваа проблематика
  • Исплата на штетите претрпени од пролетните мразеви во 2017 година и навремена исплата на субвенциите, како и постоење на календар за исплата и повици за субвенциите и Програмата за рурален развој
  • НФФ да помогне со свое барање да  интервенира до Повардарие да го исплати долгот за откупеното грозје и државните институции да преземат соодветни законски мерки и санкции кон Повардарие кој направи голема штета и врз лозарите и лозарството.
  • Почитување на законските одредби за договорно производство и склучување на договори за откуп на почетокот на годината согласно Законот за земјодлество и Законот за вино и воведување на банкарска гаранција исто како и кај откупон на тутунот .
  • Афирмирање и економско здружување на земјоделците во кооперативи.

 

 

COMMENTS