Врз основа на член 18 од Законот за здруженија и фондации  2010 (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010) и Одлуката за основање на Здружението за земјоделски развој НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИТЕ Скопје, Основачкото собрание, на седницата одржана на 27.04.2017 година го донесе следниов:

 

С  Т  А  Т  У  Т

на Здружение за земјоделски развој

НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИТЕСкопје

 ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

Здружението за земјоделски развој Здружениетое доброволно, непартиско, невладино, непрофитно и мултиетничко здружение на граѓани кое работи во поддршка на сите фармери, земјоделскиот сектор и руралниот развој во Република Македонија.

 

Член 2

Името на здружението е:

Здружение за земјоделски развој НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИТЕСкопје.

 

Краток назив на Здружението е:

НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИТЕСкопје.

Седиштето на Здружениетое во Скопјена ул. ГИГО МИХАЈЛОВСКИ, бр. 4/1-1, Скопје - Карпош.

Член 3

НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИТЕ Скопје, има свој печат и штембил.

Печатот има кружна форма и го има следниот текст на македонски јазик:

Здружение на граѓани НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИТЕ Скопје.

Штембилот има правоаголна форма и го содржи следниот текст: Здружение за земјоделски развој НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ФАРМЕРИТЕ Скопје, празно место за внесување на архивски број, датум и седиште.

  1. ВИЗИЈА И МИСИЈА

Член 4

Визија

Здружението, како, идеална, јасна, сакана и предвидлива слика за иднината ја има следната визија, сублимирана во краткиот слоган:

„ПРОФИТАБИЛНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО“.

 

Мисија

Здружението преку здружување, организација, соодветна едукација на фармерите и други фактори кои влијаат на развојот на македонското земјоделство, ја дефинира сопствената мисија која гласи:

„ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РМ.“.

 

  • ОПШТА ЦЕЛ, СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ, АКТИВНОСТИ И ДЕЈНОСТ

 Член 5

 Општа цел на Здружението е да ги унапредува и заштитува економските, социјалните и културните интереси на целните групи: социјално ранливи категории на луѓе во руралните средини, земјоделци, земјоделски здруженија, земјоделски задруги, семејни земјоделски стопанства, мали и средни земјоделски претпријатија, млади и жени во рурални средини.

Член 6

 Специфичните цели на Здружението се: Воспоставувањенасистемзалобирањеизастапување, информирањеиедукацијаначленовите, економскојакнењенаженитеимладитеворуралнитесредини, прилагодувањеназемјоделствотонановитеклиматскипромени, развојнаруралнитесредини, подобрувањенаусловитенародоватарамноправност, регионалноповрзувањеикомуникацијасоземјоделскитездруженијаимеѓународниорганизациииинституции.

Член 7

 Активности и дејност

Активностите вклучуваат, но не се ограничени на:

  • развивање услуги за членовите и не- членовите;
  • организирање на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, изложби и видео‐презентации;
  • покренување и спроведување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите и задачите на Здружението;
  • учествување во работните групи на надлежните органи и институции во насока на унапредување и заштита на интересите на земјоделците;
  • соработка со сродни домашни и странски организации;
  • формирање на стручни тимови во областите за технички, финансиски, правни и маркетинг услуги согласно целите на Здружението;
  • упис на нови членови;
  • издавачка дејност;
  • други активности соодветни според Статутот и законите во Македонија и одлуките на Генералното собрание.

Дејност

Дејноста којаја обавува, но на која не се ограничуваЗдружението преку која ги остварува своите целие:

Дејности на струковни организации врз база на зачленување/ 94.12

  1. ЧЛЕНСТВО

 

Член 8

Дефиниција на член

Здружението има придружни и редовни членови.

Придружен член е секој член што платил членарина и што пројавува интерес за земјоделството и рурален развој.

Редовен член е секој член што задоволува одредени критериуми кои ги утврдува НАЦИОНАЛНА Здружението, јавно и транспарентно објавени.

Редовните членови имаат право да избираат членови на органите на Здружението, да бидат избирани како членови на органите на Здружението и да учествуваат во Генералното собрание.

Здружението има два типа на редовни и придружни членови:

  • групни и
  • индивидуални
  1. групни членови –земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги и/или трговски друштва, земјоделски стопанства во земјоделскиот сектор и
  2. индивидуален член –жител на РМ инволвиран во земјоделството.

.Член 9

Должности, обврски и придобивки од членството

Членовите ги имаат следните должности и обврски:

  • да покажуваат солидарност кон другите членови;
  • да се придружуваат на и да го почитуваат Статутот наЗдружението;
  • да работат активно на постигнување на мисијата, општите и специфичните цели на Здружението и
  • даплаќаат членарина.

Членовите ги имаат следните придобивки од членството во Здружението:

  • Редовните членови имаат право да избираат раководни органи
  • Редовните членови имаат правода бидат избрани во раководните органи
  • Редовните членови имаат право на глас и одлучување во име на Здружението
  • Редовните и придружните членови имаат право за учество во една од двете посебно развиени социјални мрежи (мрежа на жени фармери и мрежа на млади фармери)
  • Редовните и придружните членови имаат право на користење на услугите за членови кои повремено ги развива и нуди Здружението
  • Редовните и придружните членови имаат право на учество на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, изложби и видео презентации кои ги нуди Здружението
  • Редовните и придружните членови имаат право на користење на резултатите од истражувањата и другите резултати на стручните тимови на Здружението во областите за технички, финансиски, правни и маркетинг услуги
  • Редовните и придружните членови имаат право за други придобивки кои повремено ги одредува Генералното собрание

Член 10

Зачленување

Секој заинтересиран субјект кој ги исполнува условите од член 8 од Статутот, со пополнување и доставување на пристапница и плаќање на чланарина до Здружението, станува придружен член. Одлука за приемот на редовни членови со мнозинство гласови носи Управниот одбор на Здружениетона писмен предлог на Извршниот директор на Здружението согласно дефинираните критериуми.

 Член 11

Престанок на членство

Престанок на членството во Здружениетонастапува кога:

  • Членот не ја намирил годишната членарина во предвидениот рок
  • Доброволно истапување на членот со доставување на писмена изјава

Одлука за престанок на членување донесува Управниот одбор по поднесено барање или добиени информации од Извршниот директор на Здружението, со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на УО.

Член 12

Исклучување на член

Член може да биде исклучен од членство во Здружението од следните причини:

  • непочитување на Статутот и актите (одлуките) на Здружението
  • нарушување на угледот на Здружението преку ширење на невистини или дезинформации во јавноста или помеѓу членството на Здружението
  • нарушување на финансискиот и материјалниот статус на Здружението, преку непридржување до Статутот и актите (одлуките) на Здружението

ИсклучувањетоодчленствосевршисоодлуканаУправниотодборсообразложенпредлогпропратенсосоодветнидоказидоставенодстрананаИзвршендиректор. Одлукатаодстав 1 Управниотодбор ја врши со мнозинство гласови од вкупниот број членови на УО.

Одлуката на Управниот одбор за исклучување од членство стапува на сила на денот на донесувањето.

 

  1. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

Член 13

Органите на Здружението се:

  • Генерално собрание
  • Управен одбор
  • Претседател
  • Извршен Директор
  1. ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ

 

Член 14

Генералното собрание е највисокорган на Здружението.

Генералното собрание го сочинуваат сите редовни членови на Здружениетокои ја платиле членарината и/или од нив избрани Делегати – претставници.

Бројот на учесниците на Генералното собрание и начинот на работа на Генералното собрание се уредува со Деловник.

Годишна седница на Генералното собрание (Годишната седница) се свикува и се одржува еднаш годишно.

Изборна седница на Генералното собрание (Изборна седница) се свикува и се одржува секоја четврта година.

Седниците се одржуваат во првата третина најдоцна до крајот на Април во тековната за претходната година.

Седницата ја свикува Управниот Одбор на Здружението, најдоцна 3 недели пред одржувањето на Годишната или Изборната седница.

Делегатите и Редовните членови(членови со право на глас),се известуваат најдоцна 1 недела пред  датумот на одржување на Годишната седница писмено, по пошта или преку електронска пошта, со сите потребни документи (покана, дневен ред и сите документи содржани во дневниот ред).

Јавноста за Седницата на Генералното сообрание на Здружението се информира  преку соопштение објавено на веб страната на Здружениетои средствата за јавно информирање најдоцна  2 дена пред одржување на Седницата.

Член 15

Делегати на Генералното собрание

Делегатите  ги застапуваат групните и индивидуалните членови во согласност со Деловник за Генералното собрание, во согласност со повремените ревизии на истиот од страна на Генералното собрание.

Делегатите се избираат на  четири години, при што годината се смета од почетокот на Годишната седница сé додека Делегатот не е избран за следната Годишна седница.

Секој делегат на седница на Генералното собрание има право на еден глас.

Член 16

Годишна седница

Годишната седница на Генералното собрание е валидна доколку се присутни повеќе од половина од вкупниот број на учесници.

Генералното собрание ги носи одлуките со просто мнозинство (потребно е за одлуката позитивно да се изјасни мнозинството од присутните учесници на Собранието, но најмалку една третина од вкупниот број на учесници).

Генералното собрание ја носи одлуката за Измена на Статутот со апсолутно мнозинство (потребно е за одлуката  позитивно да се изјасни мнозинството од вкупниот број на учесници на Собранието)

Генералното собрание ја носи одлуката за престанок на работа на Здружението со квалификувано мнозиство (две третини од вкупниот број на учесници на Собранието)

Генералното собрание работи според Деловник за работа на Генералното собрание.

Член 17

Работата на Годишната седница

Дневен ред на Годишната седница:

  1. Избор на Претседавач на Генералното Собрание со мандат од четири години;
  2. Избор на двајца членови со мандат од четири години, кои заедно со Претседавачот на Генералното Собрание се грижат за почитување на Деловникот за работа на Годишната седница;
  3. Избор на Верификациона комисија составена од три члена со мандат од 4 години;
  4. Годишната седница (Верификациона комисија) утврдува дали седницата била свикана на пропишаниот начин и бројот на присутни учесници;
  5. Се врши избор на Управниот одбор со мандат од четири години;
  6. Се претставуваат, разгледуваат и усвојуваат годишниот извештај и годишниот финансиски извештај(Претседателот и Извршниот директор на Здружението ги претставуваат Годишниот извештај и Годишниот финансиски извештај);
  7. Се претставува, разгледува и усвојува годишната програма(Претседателот и Извршниот директор на Здружението ја претставуваат Годишната програма);
  8. Се претставува, разгледува и усвојува годишниот буџет за претстојната година (Претседателот и Извршниот директор на Здружението ја претставуваат Годишната програма);
  9. По потреба се претставуваат, разгледуваат и усвојуваат измените на стратешките документи (Член од Управен одбор определен од УО ги претсавува измените на стратешките документи);
  10. По потреба се презентираат, дискутираат и прифаќаат промени на социјалните мрежи (број, состав и др) (Координаторите на Мрежата на жени фармери и Мрежата на млади фармери ги презентираат промените на социјалните мрежи);
  11. Се претставува, разгледува и усвојува извештајот за функционирањето на Управниот одбор; (Претседателот ги претставува извештајот за функционирање на Управниот одбор).
  12. Се разгледуваат други прашања, како што е наведено во дневниот ред.

Член 18

Дневен ред и материјали за седниците на Генералното собрание

Претседавачот на Генералното Собрание и Извршната канцеларија, заедно со Управниот одбор, го подготвува дневниот ред за Годишната седница и се грижи истиот да се достави до учесниците, навремено според Деловникот за работа на Генералното собрание.

Член 19

Вонредни седници на Генералното собрание.

Вонредна седница на Собранието може да се одржи по писмено барање од една третина од учесниците на Здружението.

Вонредна седница на Собранието се одржува најдоцна во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување.

Барањето од една третина на учесниците со потпис и печат се доставува до ИзвршнатаКанцеларија и Извршниот директор го проследува до членовите на Управниот одбор.

Претседателот е должен да ја закаже седницата на Управниот одбор согласно Деловникот за работа на УО.

Претседателот треба да го закаже Вонредното собрание во рок од 21 ден  по приемот на барањето за вонредно собрание. Доколку Претседателоот не го свика Собранието во рок од 21 денa, тогаш Потпретседател е должен да го свика Вондредното собрание во рок од 21 ден. Доколку Потпретседателот не го свика Вондредното собрание во определениот рок, тогаш одговорноста ја превзема Иницијативниот Одбор (кој би броел не помалку од три учесници со право на глас) и кој на состанок води записник во соработка со Извршната канцеларија и заедно го организираат Собранието во рок од 60 од денот на поднесување на иницијативата

Вонредно изборно Собрание не може да се свикува за помалку од 6 месеци од претходното Собрание.

Учесниците (членови со право на глас) писмено, по пошта  со сите потребни документи (покана, дневен ред и сите документи содржани во дневниот ред) се известуваат најдоцна 1 недела пред  датумот на одржување на Вонредното собрание.

На вонредна седница не се разгледуваат други точки освен оние кои се наведени во дневниот ред.

  • УПРАВЕН ОДБОР

Член 20

Структура на Управниот одбор

Управниот одбор се состои од 9 членови што се избираат на Изборна седница со мандат од 4 години.

Управниот одбор од својот состав бира Претседател на Федерацијата на фармерите на РМ кој е овластено лице за застапување на Здружението и претседател на УО.

 

Управниот одбор од својот состав бира Потпретседател на Федерацијата на фармерите на РМ кој го заменува Претседателот во негово отсуство.

Членовите на УО не можат да бидат вработени во Здружението,  а исто така и Извршниот Директор не може да извршува функција на Претседател и/или Потпретседател.

Членовите на Управниот одбор ги избира и разрешува Генералното собрание.

Со Деловникот за работа на Управниот одбор се прецизира политиката и постапките за:

  • начин на работа и одлучување на Управниот одбор
  • постапките за обезбедување на етничка, родова и младинска застапеност во Управниот одбор

Во составот на Управниот одбор се отсликува демографскиот состав на Здружението, особено етничката, родова и младинската застапеност.

Управниот одбор е составен од:

  • Претставник на мрежа на жени;
  • Претставник на мрежа на млади;
  • Претставник на земјоделски задруги;
  • Претставник на фокус групи;
  • Претставник на малите земјоделци;
  • Претставник на малите земјоделци;
  • Претставник на земјоделски здруженија;
  • Претставник на земјоделски здруженија и
  • Извршен директор по функција.

Најмалку 3 члена на Управниот одбор треба да бидат жени. При изборот на членовите се води сметка за регионално и мултиетничко претставување.

Деловникот за работа на Управниот одбор повремено се ревидира од страна на Управниот одбор.

Член 21

Седници на Управниот одбор

Редовни седници на Управниот одбор се одржуваат на секои три (3) месеци.

Седниците ги свикува Претседателот во координација со Извршниот директор и Управниот одбор.

По писмено барање од најмалку тројца членови на Управниот одбор може да се свика Вонреднаседница на Управниот одбор.

Начинот на работа на Управниот одбор се утврдува со Деловник.

 

Вонреднаседница мора да се одржи во рок од три недели од приемот на писменото барање.

Кворумот за седница на Управниот одбор е 5 члена.

Седниците на Управниот одбор се водат според Деловникот за работа на Управниот одбор, кој повремено се ревидира од страна од Управниот одбор.

Извршниот директор е присутен на сите состаноци на Управниот одбор, со право на глас, освен во случаи кога се дискутира за неговата одговорност и работа.

Член 22

Улоги и одговорности на Управниот одбор

Управниот одбор на Здружението ги надгледува, следи и извршува одлуките на Генералното собрание, во согласност со Статутот и одлуките донесени од Генералното собрание.

Управниот одбор:

  • назначува (и, по потреба, разрешува) Претседател на Управен одбор на Здружението и Извршен директор на Здружението.
  • назначува (и, по потреба, разрешува) Потпретседател на Управен одбор и на Здружението
  • ја надгледува и контролира работата на Претседателот на Управниот одбор на Здружението како негов застапник.
  • го следи спроведувањето од страна на Извршниот директор на одлуките донесени од Генералното собрание и Управниот одбор
  • го контролира и анализира работењето на Извршниот директор во финансиското управување на извршната канцеларија на Здружението
  • ја насочува и надгледува работата на Извршниот директор во постигнувањето на целите на организацијата
  • му дава совети на Извршниот директор во врска со активностите на организацијата
  • предлага измени во актите, политиките и постапките до Генералното собрание, врз основа на работата на Извршниот директор
  • предлага годишна програма пред Генералното собрание, врз основа на работата на Извршниот директор
  • ја контролира законитоста на активностите на организацијата
  • поднесува годишни извештаи за своите активности пред Генералното собрание
  • ги донесува актите за организација, систематизација и делокруг на работа на Извршната канцеларија, со коишто се уредува работењето на Извршната канцеларија и раководењето со нејзиното работење, работниот однос на работниците и други општи акти на Извршна канцеларија;
  • формира органи, стручни тела, советодавни комисии, потсекторски групи  заради барање мислење по одредени прашања
  • ги следи случувањата во земјоделскиот сектор преку учество во секторски групи
    -врши други работи согласно закон и овој Статут
  • Усвојува годишна програма за работа на предлог на ИД;
  • Усвојува годишен буџет и финансиски извештај;
  • Усвојува деловници за работа на организацијата;
  • Известува, информира и дава предлози за состојбите и активностите од својот домен до ИД;
  • Формира органи, стручни тела во рамките на Здружениетои
  • Избира претставници во други органи и тела надвор од Здружениетона предлог на ИД.

 

  • ЗАСТАПНИЦИ

Член 23

Претседател и Потпретседател на Управен одбор

Овластено лице за застапување и претставување без ограничувањае Претседателот.

Претседателот на Здружението има права, овластувања и одговорности определени со закон, Статутот  и другите акти.

Претседателот нема право на глас кога се одлучува за негова одговорност.

Во случај на разрешување и/или суспендирање на Претседателот, негова промена или друг случај каде привремено или трајно Претседателот нема да биде овластен да ја претставува и застапува Здружението, неговата функција ја презема Потпретседателот, сѐ до избор на нов Претседател.

Потпретседателот ги превзема надлежностите кои му ги делегира претседателот и го заменува во негово отсуство да ја врши функцијата.

Член 24

Извршен директор

Овластено лице со ограничувања е Извршниот директор и не може да биде Претседател или Потпретседател.

Ограничувањата се состојат во следново:

  • Не може да настапува како договорна страна и со Здружението да склучува договори од свое име и за своја сметка, во свое име и за сметка на други Здруженија или во име и за сметка на други лица без донесена Одлука во писмена форма од страна на Претседателот;
  • Не може да даде полномошно за склучување договори на друго лице без донесена Одлука во писмена форма од страна на Претседателот;
  • Не може да ги отуѓува и оптоварува недвижностите на Здружението без донесена Одлука во писмена форма од страна на Генералното собрание.

Извршниот директор има посебни овластувања во делот на материјално-финансиското работење кои му се доверени од страна на Претседателот.

Извршниот директор:

  • Раководи со Извршната канцеларија и одговара за нејзината целосна оперативност пред Управниот одбор и Генералното собрание;
  • Ја организира работата на извршната канцеларија, донесува правилници за работа и се грижи за домаќинското работење на организацијата;
  • Одговорен е за материјално – финансиското работење на организацијата пред Законот и
  • Дава предлози до Управниот одбор и Генералното собрание, програма за работа и извештаи.

 

Работниот однос на Извршниот директор е уреден со договор, вклучувајќи и детален опис на работното место.

Член 25

Извршна канцеларија

Административно-техничките, помошните и други работи за потребите на Здружението ги врши Извршната Канцеларија.

Извршната канцеларија подготвува апликации за проекти, информации, анализи, нацрти на општи и други акти за потребите на Здружението.

Вработените во Здружението имаат посебна одговорност за односот кон податоците и документите на Здружението во поглед на нивното користење и објавување.

Извршната канцеларија подготвува Комуникациска стратегија која ја усвојува Управниот одбор.

Извршната канцеларија на Здружението обезбедува деловни информации, податоци, стручни совети, сугестии и сл., со кои се помага работењето на членовите на Здружението.

Извршната канцеларија услугите ги врши првенствено за членовите на Здружението.

Извршната канцеларија е поделена на  координативно и оперативно ниво. Координативното и оперативно ниво го сочинуваат: Извршен Директор, координатор на сектор за проекти, координатор на сектор за лобирање,услуги, членство и одделение за администарција и финансии.

  1. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА И ИНФОРМИРАЊЕ

 Член 26

Работата на Здружениетое јавна и транспарентна.

Член 27

Јавноста се обезбедува  преку:

- давање информации на членовите на Здружениетоза нивната работа;

- Објавување на одлуките на органите на Здружениетона начин определен со овој Статут;

-издавање брошури, списанија и други печатени и електронски изданија;

- објавување на информации за активности на Здружението на веб страната.

Јавноста се обезбедува и преку соработка со средствата за јавно информирање со кои се остварува целосно, независно и објективно информирање за работењето на Здружението.

Органите и облиците на организирање и работење на Здружениетои нивните тела, можат да ја исклучат или ограничат јавноста на нивните седници и состаноци, кога тоа го наложува општиот интерес или кога се разгледуваат документи и информации од доверлива природа.

Членовите на органите и телата на Здружениетои вработените во Здружениетосе должни да ги чуваат како деловна тајна сите известувања и податоци кои се однесуваат на работењето на членките на Здружението, а имаат статус на доверливи, односно со посебен акт се утврдени како деловна тајна.

Лицето кое дава податоци и информации во врска со работата на Здружениетое одговорно за нивната вистинитост и точност.

 

  1. АКТИ

Член 28

Генералното собрание го донесува, изменува и дополнува Статутот со апсолутно мнозинство (потребно е за одлуката  позитивно да се изјасни мнозинството од вкупниот број на делегати на Собранието)

Предлози за измени и дополнувања на Статутот се доставуваат од страна на најмалку една петтина од делегатите на Генералното собрание или од страна на Управниот одбор.

Предлозите за измени и дополнувања на Статутот ги разгледува Управниот одбор и, истите, заедно со мислењето на Управниот одбор, се доставуваат до делегатите најдоцна 1неделa пред одржувањето на Годишната седница.

Член 29

Актите и одлуките на Генералното собрание на Здружението ги потпишува Претседавачот на Генералното Собрание или лице кое ќе биде овластено за истото од страна на Генералното Собрание.

Актите и одлуките на Управниот одбор на Здружението ги потпишува Претседателот или Потпретседателот (согласно член 23 од Статутот)  или лице овластено од Управниот Одборсо одлука на УО.

  1. НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ

Член 30

Здружениетосе финансира од членарини, донации, проекти, трговски друштва основани од Здружениетои други начини согласно законите на Република Македонија.

  • ПРЕСТАНОК СО РАБОТА

Член 31

Одлуката за престанок со работа на Здружениетое полноважна доколку е донесена со квалификувано мнозинство (две третини од вкупниот број на делегати на Собранието)

По престанокот на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по подмирување на обврските преминуваат во сопственост на организација слична на Здружениетопо предлог на Генералното собрание.

Скопје, 27.04.2017 година