Проекти

Проект „Институционална поддршка на НФФ“

Главната цел на проектот „Институционална поддршка на НФФ “, кој е поддржан од Шведска организација за развој We Effect е да се развие Националната федерација на фармери како национална мрежа за лобирање и застапување на интересите на земјоделците во земјата со цел претставување на гласот на земјоделците во реализирање на своите права и заеднички интереси. Проектот е структуриран во четири компоненти: организациски развој, развој на бизнисот, лобирање и застапување и родова еднаквост. Главниот пристап на проектот е пристап базиран на човекови права. Специфичните цели вклучуваат: социо-економски развој во руралните области, намалување на руралната сиромаштија, претприемништво за млади и жени земјоделци, родова еднаквост, адаптација на земјоделството кон климатските промени, проширување на пазарите за земјоделски производи и создавање правна и деловна рамка за развој на земјоделството, поддршка на процесите за пристапување во ЕУ.

Временска рамка: 1 јануари 2018 – 31 декември 2020


Проект „From Disability to FoodAbility”

Проектот „From Disability to FoodAbility има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области. Предвидените проектни активности ќе придонесат за социјално и економско зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни интервенции и прилагодувања во начинот на производство на храна како што се пластениците и градините за производство на зеленчук. Во рамките на проектот ќе бидат мапирани 30 семејствa во чии семејни дворови ќе бидат изградени градини или пластеници за производство на земјоделски производи. Целната група на проектот ја сочинуваат најмалку 60 лица со попреченост како и нивните семејства, односно ќе се изврши директно влијание на околу 250 лица. Покрај тоа, 150 луѓе кои живеат во рурални области ќе бидат обучени за застапување, односно разбирање и лобирање за правата и потребите на лицата со попреченост. Дополнително, преку комуникациските канали на НФФ ќе бидат информирани повеќе од 10.000 лица.

Временска рамка: 1 јули 2019 до 30 јуни 2021 година


Проект „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија“

Проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување во Северна Македонија“ има за цел да го зајакне капацитетот на руралните и маргинализираните заедници во земјава со тоа што ќе обезбеди брз и ефикасен одговор на нанесените економски штети од пандемијата и ќе им го отвори патот кон прилагодлив, инклузивен и одржлив развој.

Во таа насока, проектот работи на промовирање на самоодржливи системи за обезбедување со храна, кои ќе бидат родово сензитивни и еднакво достапни за сите. Преку повторно воспоставување и воведување на алтернативни пазарни врски за земјоделците, создавање центри за храна и обезбедување на економски перспективи за ранливото население кое ги вклучува жените, младите и ромската заедница, се нудат решенија кои ќе го подобрат живеењето и ќе ги заштитат ранливите категории на луѓе сега и во иднина. проектот Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија, кој е финансиран од Шведската амбасада во Република Северна Македонија и се имплементира од страна на Шведската организација за развој We Effect заедно со Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој и Националниот ромски центар.

Временска рамка: 1 август 2020 -31 декември 2020


Националната федерација на фармери е дел од рагионалната кампања „Зајакнати жени, зајакната економија“ подржана од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH во рамките на проектот „Поддршка на диверзификација на економските активности во руралните подрачја на Југоисточна Европа“ и GIZ Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Правни реформи.

Временска рамка: 1.10.2020  – 31.03.2021