Обука на млади фармери за органско производство

Обука на млади фармери за органско производство

Честит 8ми Март
Сточaрите бараат прогласување на јагнето за стратешки производ
НФФ дел од осмомартовскиот марш

Обука на млади фармери за аплицирање за органско производство

Федерацијата на фармери во рамките на активностите на проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“ подржан од We Effect заедно со Швајцарската програма ИМЕ организираше еднодневна обука за органско земјоделско производство за членовите на Мрежата на млади фармери.

Една од програмите која им дава можност на младите да отворат сопствен бизнис е програмата за доделување на грантови – Програма за поддршка на стартап бизниси за млади невработени лица до 29 години финансирана од Буџетот наАгенцијата за вработување на Република Македонија,во соработка со УНДП. Со оглед на фактот дека во оваа програма освен другите сектори до сега младите можеа да аплицираат само со бизнис идеи исклучиво за органско растително производство.

Димче Дамјановски од УНДП ги информираше младите за деталите на програмата и чекорите за добивање на неповратни сретства, и тоа користење на грант во вкупна вредност од 307.500 МКД по корисник за основање на сопствена фирма, но и користење на грант во вкупна вредност од 615.000 МКД ,доколку се основа партнерска фирма – ДОО во сопственост на 2 лица.

Габриела Мицевска од ИМЕ програмата ги запозна младите фармери со основите на органското производство. За процесот на сертификација за органско производство младите фармери добија информација од прва рака од страна на Валентина Колар Јовановска претставник на Сертификационто тело Балкан Биосерт за чекорите за конверзија на конвенционалното земјоделско производство во сертифицирано органско земјоделско производство.

Пласманот и продажбата на органски производи беа објаснети од Иван Јовановски, преставник на Биокулт, кој појасни и за тоа кои се потребите на пазарот за органски производи, додека Благојче Најдовски претствник од Федерација на фармерите на младите фармери им презентираше и повеќе бизнис идеи за започнување со органско производство кои како едукативни стории и успешни човечки приказни се објавени во единственото списание за земјоделство и рурален развој Моја земја. Едни од тие теми се одгледување на огански шипинки, одгледување на култивирани шумски јагоди, одгледување на спелта, производство на одгледување на повеќе видови на лековити билки и други предлог бизнис идеи со кои младите можат да аплицираат во програмата.

COMMENTS