Мрежа на Млади Фармери


Мрежата на млади фармери е формирана од потребата за поголемо вклучување на младите фармери на возраст до 40 години во донесувањето на одлуки и законски регулативи со цел јакнење и подобрување на нивната општа состојба и побрзо интегрирање во се општествените промени со цел да одговорат на разните предизвици кои ги очекува во секојдневието.

Мрежата на млади фармери нема статус на правно лице и функционира во рамките на НФФ и се залага младите фармери да се интегрираат и здобијат преку: меѓусебна поддршка, волонтирање, промоција на младите како ресурс, младински активизам, младинска партиципација, транспарентност, демократија и меѓусебна доверба, организирање и нивно вклучување, информираност, застапување и лобирање за младинската рурална политика.

ВРЕДНОСТИ И ПРИНЦИПИ КОИ ММФ ГИ ПРАКТИКУВА :

  • Организирање и вклучување на младите фармери;
  • Меѓусебна доверба и соработка помеѓу членовите;
  • Дружење и забава;
  • Поделба на одговорности;
  • Координација и континуирана работа;
  • Тимска работа;
  • Транспарентност;
  • Демократија;
  • Информираност;
  • Промоција на младите фармери како ресурс;
  • Застапување и лобирање за интересите на младите фармери.

Кординатор на Мрежата на млади – фармери: Васил Коцевски, член на УО на НФФ

Регионални координатори :

  • Аџибајрам Даци за гостиварско -дебарски регион,
  • Деспина Крстевска за скопски регион,
  • Илчо Маџовски за кривопаланечки регион,
  • Дубравка Ѓилас за тетовски регион,
  • Георгиевски Лазе за преспанско – пелагониски регион,
  • Метин Куртов за радовишки регион.

МИСИЈА :

Мрежата на млади фармери ги развива лидерските и претприемачки вештини на младите фармери во Македонија, ја поттикнува тимската работа и комуникацијата помеѓу нив, го подига интересот за земјоделството, и дава придонес во неговиот развој, подобрувањето на квалитетот на живеење и заштитата на животната средина.

Гоце Митев е избран за координатор за имплементација на активностите за аплицирање на порталот за волонтирање на органски фарми.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ :

  • Развој на програми и иницијативи кои придонесуваат младите фармери да бидат поинформирани и поедуцирани;
  • Зголемување и зацврстување на улогата на младите фармери во: НФФ, локалните здруженија и земјоделскиот сектор во целост;
  • Промоција на земјоделството како можност за самовработување;
  • Организирање на конкретни програмски активности;
  • Спроведување на заеднички проекти за членовите;
  • Oрганизирање на стручни обуки, семинари, работилници, конференции, студиски патувања, изложби и видео презентации;

Кој може да биде член на Мрежата на млади фармери

Секој млад човек не постар од 40 години кој е инволвиран или заинтересиран за земјоделство може да биде член во една од двете социјални мрежи во НФФ (ММФ и МЖФ) преку пополнување и доставување на пристапница и прилог дека се занимава со земјоделска дејност како и подмирување на Годишна Членарина во износ од 500 денари.