Пишува: проф. д-р Крум Бошков

Под ампелотехника се подразбираат сите мерки кои се преземаат на виновата лоза во вид на насочување на стеблото или ластарите, резидба или примена на биорегулатори. Резидба е ампелотехничка мерка со која одредени делови на виновата лоза се прекратуваат делумно или целосно. Резидбата може да биде: на зрело, во период на мирување (зимски одмор) и на зелено, во текот на вегетацијата.

Со силниот должински пораст, ластарот секоја година е подалеку од својот корен за неколку метри. Од окцата на еден ластар секоја година се создаваат 10-20 нови ластари со 10-20 нови окца. Бројот на ластари и окца се зголемува со геометриска прогресија за разлика од коренот кој расте со одредена динамика и капацитет. Несоодветниот однос помеѓу порастот на надземниот и на подземниот дел предизвикува повеќе последици. Ластарите ја губат бујноста, растат со помала должина. Окцата, ластарите и грозјето не созреваат. Цветањето е послабо. Се создава голема надземна маса која не е функционална, не создава доволно количество на асимилати за исхрана на надземниот и подземниот дел. Воloza_rezidba3 овие услови еден дел се суши. Лозата, препуштена сама на себе, го повторува циклусот на интензивен пораст и сушење.

Приносите се алтернативни, променливи по однос на квалитет и квантитет.

Секоја година добиваме различни приноси и квалитет. Човекот презема мерки за контрола на порастот на ластарите и созревањето на грозјето преку резидба на виновата лоза. Резидбата претставува наједноставна и најгруба мерка со која се отстрануваат делови од виновата лоза. Со резидба се отстранува и до 90% од над- земниот дел. Од десет ластари се отстрануваат девет, а се остава само еден ластар кој се реже на десет окца од кои ќе пораснат десет нови ластари. Сега имаме циклус на повторување и уедначеност.

Во теоретски исти надворешни услови може да се очекуваат потполно исти приноси и квалитет на грозјето. Меѓутоа секоја година имаме различни услови во однос на температурата, светлината, влагата. Почвата полека се искористува, лозата расте со коренот, се здебелува во стеблото и повеќегодишните делови, што предизвикува нејзино стареење и умирање. Сите овие услови се менуваат во однос на сортите и подлогите, кои се разликуваат по својата бујност односно пораст. Затоа, лозите бараат соодветен простор. Побујните лози се садат на поголемо растојание. Побујните подлоги побрзо ќе се доближат една до друга.