WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност

WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност

Младите фармери на НФФ на студиско патување
Брошура подготвена од Националната конвенција на ЕУ за нашата држава
Честит Рамазан Бајрам

Васка Мојсовска, претседател на НФФ соговорник на промотивниот настан на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“

Васка Мојсовска, претседател на Националната федерација на фармери учествуваше како соговорник на промотивниот настан на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ европски проект имплементиран од Здружението за бизнис жени и GTF – Initiative for sustainable growth. Мојсовска потенцира дека НФФ посебно внимание посветува и работи на ранливите категории во руралните средини, а тоа се жените и младите и преку Мрежата на жени – фармери и фокус групите подржани од шведскиот коперативен центар We Effect работат на економски развој на жените фармери.

„Ние како Национална федерација на фармери се залагаме и работиме на поголема инволвираност на жените – фармери во креирањето на земјоделските политики и стратегии и тие како и мажите – фармери преку НФФ се членови на потсекторските групи во Министерството за земјоделство. Исто така бараме одобрените инвестиции за  руралните жени  да бидат подржани 60 % во Програмата за рурален развој, исто како и младите и тоа да биде применувано и во ИПАРД 2 Програмата. Само на ваков начин може да овозможиме економски развој на жените во руралните средини“, истакна Мојсовска на настанот.

COMMENTS