Градење на фарма за овци

Пишува: дипл.агр. Јелица Бешлиќ

Кај овците објектите имаат за цел да остварат што подобра заштита од врнежи и ветрови, а потоа од екстремните температури. Од тие причини објектите за овци не мора да имат термичка изолација, особено ако во објектите се користи простирка. Кај држењето на овци во објектите значајно е да се спречат заболувања да дишните органи и патишта. Од тие причини треба да се настојува влажноста на воздухот да се одржува на што пониско ниво, а особено содржината на амонијакот. Објектите за овци редовно се подигаат како лесни градби, од различни материјали. Кај нас објектите најчесто служат за чување на овци во зимските месеци.

Големината на објектите за чување на овци најчесто зависи од: правецот и видот на производство (месо, млеко, волна), бројот на овците и структурата на стадото,начинот на одгледување (на пасишта, зимско сместување во објекти, или само во објекти). При изградбата на фармата за овци треба да се внимава на неколку параметри: изборот на локацијата – местото на градба, да се обезбеди пристап до вода, струја и патна мрежа, да е оддалечен од други објекти, заштитен од јаки зимски ветрови и да се внимава на положбата кон страните на светот (исток-запад).

Објектите за овци треба да обезбедат: засолниште од лошите временски услови,доволно удобен и сув простор за лежење, ovci farma 2добра вентилација, без присуство на промаја, доволен простор за јасли, простор за јагнење, добар пристап за човекот и за механизацијата, доволно храна вода и светлост и да биде во склад со сите законски регулативи поврзани со одгледување на добиток и заштита на животната средина.

При планирањето на изградбата на објектот за овци, за да се одредат димензиите на подот, треба да се имаат предвид потребите од шталска подна површина по категории. Во составот на една фарма за овци треба да бидат следните објекти: овчарник или штала за овци, овнови, ѕвиски, шилежиња и јагниња, просторија за молзење, просторија за јагнење, магацин за концентрирана храна, испуст, плевна за сено и објекти за силажа.